Search

ВМРО-ДПМНЕ: Поради негрижата на властите за загадениот воздух, во Македонија умираат околу 3.000 лица

Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во светот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат оти Заев и СДСМ покажале дека се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух.

Наведуваат дека министрите и градоначалниците немаат мрднато со прст за да го решат горчивиот проглем, а како што велат, Заев, Макрадули, Шилегов и СДСМ треба да знаат дека поради нивната негрижа околу 3.000 лица во Македонија умираат поради загадувањето.

„Единствено што прават е спиење во собраниските клупи, играње игрици на мобилен и промовирање на лажни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. На граѓаните едноставно им останува да се молат да дувне ветер или да заврне дожд зошто само на таков начин можат да подишат барем малку почист воздух“, стои во партиската реакција.

Додават и дека граѓаните се директна жртва на негрижата на власта.

„Болниците низ државата секојдневно се полнат со пациенти кои страдаат од срцеви и белодробни проблеми настанати како последица на загадувањето. СДСМ не ги интересира здравјето на граѓаните на Република Македонија. Тие се заинтересирани како само расипнички да го трошат буџетот на државата“, истакнуваат од ВМРО-ДПМЕ.

Според опозициската партија, колкава е грижата на СДСМ за животната средина покажува фактот дека само 1,6 милиони евра се издвоени за цела 2019. година за зштита на животната средина.

Треба да знаете
Последни објави