30-годишниот Русин, Александар Алтапов е осуден на 25 години казна затвор поради силување и брутално убиство на младата студентка.
Според „Дејли мејл“, 20-годишната студентка, Викторија Повесма, минатата година по забава, заедно со Алтапов и неговата девојка, Екатерина се упатиле дома. Кога пристигнале во станот, Алтапов по втор пат ја силувал Викторија пред неговата девојка, а откако таа му се заканила дека ќе го пријави в полиција, тој ја убил, а нејзиното тело го распарчил на делови, пишуваат медиумите од информации од тамошната полиција.
Алтапов и неговата девојка, како што пренесуваат медиумите по убиството, ги ставиле деловите од телото на Викторија во пластични кеси, а потоа ги оставале на неколку локации во градот Томск.
Родителите на Викторија, откако неколку дена не успеале да ја добијат на телефон, јавиле в полиција, која ја започнала потрагата по неа. Наскоро нејзината глава била пронајдена во ботаничка градина, пренесуваат руските медиуми.
Девојката на Алтапов, исто така, ќе биде осудена за учество во ужасното злосторство.