Заев: Поддршката на центри за технолошки развој и иновации даде резултати

Премиерот Заев: Поддршката на центри за технолошки развој и иновации даде резултати – поттикна развој, ја разбуди креативноста на компаниите и ги направи поконкурентни на странските пазари

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски денеска ги презентира проектите од т.н. „втор инвестициски бран“ кој се реализира во рамки на првиот повик од Столб 3 од Планот за економски раст.

Посочувајќи дека крајот на годината е период кога секој ги сумира резултатите од сработеното, премиерот Заев истакна дека Планот за економски раст во изминатава година не само што ја постигнал, туку и ја надминал зацртаната цел. Во своето обраќање пред присутните премиерот Заев рече:

„Планот за економски раст во изминатата година не само што ја постигна, туку и ја надмина зацртаната цел. Денешните, овие 65 компании, но и 70-тина од првиот бран добитници на грантови за кофинансирање, секако се само еден доказ за тоа.

Како што пред малку рече и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Деспотовски, вкупниот износ на нови инвестиции во економијата само со втората група компании за финансирање е 824,828,614,00 денари. Ќе повторам и дека само за инструментот за поддршка: Инструмент за подобрување на иновативноста вкупно се ангажирани 323 лица, од кои 85 се нови вработувања.

Поддршката за отворање на центри за технолошки развој и иновации, којашто за првпат е воведена во Македонија, освен што во голема мера го поттикна технолошкиот развој, ја разбуди и креативноста на компаниите. Истовремено, македонските компании станаа поконкурентни на пазарите во регионот.

Треба да знаете
Последни објави