Search

(Видео) Снежна бура во Турција, три лица загинаа во сообраќајни несреќи

Најмалку три лица загинаа, а 55 беа повредени во две автобуски несреќи во централна Турција и Анкара, објавија турските медиуми.

До несреќите дошло откако земјата била погодена од обилни врнежи од снег.

Три лица, меѓу кои има и едно дете, загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во провинцијата Киршехир, југоисточно од главниот турски град.

https://youtu.be/0GtPQdrSYto

Според агенцијата „Анадолија“, во првата несреќа што се случила во близина на Анкара се превртел патнички автобус и, според првичните информации, во несреќата се повредени најмалку 20 лица.

Обилните врнежи од снег и студеното време низ цела Турција доведоа и до затворање на училиштата. Според турската агенција, властите во 24 турски области, главно во централна Турција, соопштија дека училиштата ќе бидат затворени. Училиштата се затворени и во главниот град Анкара поради обилните снежни врнежи преку ноќта.

Треба да знаете
Последни објави