Search

Аеродром и Лисиче останаа без парно поради голем дефект

Во скопските населби Аеродром и Лисиче вечерва немаше парно.

Од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) велат дека причина за тоа е голем дефект на дистрибутивната мрежа.

„Голем дефект на дистрибутивната мрежа предизвика испад на работата на топланите во 20 часот вечерва. Во моментот екипите го лоцираат дефектот со цел тој да се изолира и да се воспостави нормален хидраулички режим на системот“, се вели во соопштението на БЕГ.

Треба да знаете
Последни објави