Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер денеска е регистриран во морето кај грчкиот остров Закинтос.
Епицентарот на земјотресот е забележан во морето, 47 километри јужно од Закинтос, објави Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, а пренесе агенцијата АНА.
Земјотрес кај Закинтос беше регистриран и вчера со јачина од 4,6 степени.
Грчката агенција потсетува дека на крајот од октомври овој остров беше погоден од потрес со јачина од 6,4 степени кој предизвика само материјална штета.