Корпа на балон со кој летале пилотот и 15 други патници се запали во австралиската сојузна држава Викторија.
Балонот безбедно слетал, а во инцидентот повредена е 27-годишна девојка која била префрлена во болница, пренесе агенцијата АП.
Како што наведува американската агенција, состојбата на девојката е стабилна.
Корпата на балонот е уништена во пожарот.