Search

Тетовец ја тепал сопругата и ја терал на секс со други

Полицијата уапсила жител на тетовско село, кој долго време ја малтретирал сопругата и ја принудувал да се проституира, информираше МВР.

Жртвата, на возраст од 26 години вчера пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот сопруг И.И.(28), кој според неа, подолго време психички и физички ја малтретирал.

Таа го пријавила и дека ја принудувал на сексуални односи со други лица од различни места од полошкото подрачје. Полицијата го уапсила насилникот и го задржала за натамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави