Search

ЛДП: Прогресивниот данок е погрешен чекор

Либерално-демократската партија соопшти дека не дала поддршка при усвојувањето на измените во даночниот систем со воведување прогресивен данок и оданочување на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто.

„Оваа политика беше најавена во програмата на Владата, но е спротивна на долгогодишните програмски залагања на ЛДП за рамен данок и пониски даночни стапки. Заедно со бизнис-заедницата, со претприемачите, со информатичарите, со уметниците, со лекарите, со професирите, со креативните творци во нашето општество укажувавме дека ова е погрешен чекор. Мнозинство во коалицијата денес направи грешка“, велат од ЛДП.

Додаваат дека Македонија мора да стимулира креативност и да биде конкурентна и не  смее да дозволи одлевање на капиталот и инвестициите од земјата, особено во соседните земји кои нудат поконкурентни услови.

„Ќе ги следиме економските показатели и веќе наредната година кога ќе се увиди дека денешниот чекор е непродуктивен, ќе инсистираме заедно со сите Собранието да ја врати политиката на рамен данок и на ниски оданочувања“,  се вели во соопштението на Либерално-демократската партија.

Треба да знаете
Последни објави