Search

Кичевка загина дома, паднала од скали

Жителка на кичевско село загина во несреќен случај, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 8 часот во Полициско одделение Зајас, од страна на доктор од Медицински центар Кичево било пријавено дека Н.Р.(37) од село Бачишта, кичевско, била донесена почината.

Таа починала во нејзиниот дом, откакослегувајќи  по надворешни бетонски скали без заштитна ограда, паднала  на бетонска подлога од  висина од околу три метри.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Треба да знаете
Последни објави