Барселона го доби првото зимско засилување

Поради недостатокот од квалитет во одбраната, Барселона реши да го „одврзе ќесето“ и да тргне по засилувања. Колумбискиот стопер Џејсон Муриљо денеска го официјализираше преминот од Валенсија во Барселона и веќе од јануари ќе почне да настапува за актуелниот шампион на Ла Лига.

Џејсон Муриљо се приклучува на составот на Барселона како позајмен играч и каталонскиот клуб ќе ѝ исплати на Валенсија 2 милиони евра веднаш, додека во договорот е вметната и откупна клаузула од 25 милиони евра, доколку клубот сака да го задржи Колумбиецот повеќе од засега предвидените 6 месеци.

„Валенсија постигна договор со ФК Барселона во врска со позајмицата на колумбискиот интернационалец Џејсон Муриљо, која е предвидена да трае до 30 јуни 2019 година. Договорот помеѓу двата клуба вклучува и откупна клаузула од 25 милиони евра“, пишува во официјалната објава на клубот.

Разговорите помеѓу Барселона и Валенсија траеја само два дена и каталонскиот клуб реши да ги искористи преговорите за да го донесе Муриљо во своите редови, откако тренерот Валверед изјави дека е загрижен за недостатокот од дефанзивни опции кој го има неговиот тим.

Треба да знаете
Последни објави