Search

Собраниска расправа за буџетот, опозоцијата смета дека е со нереални проекции

Во Собранието денеска втор ден се расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година. Мнозинството и денеска со поддршка за предлогот, кој е фокусиран на граѓаните и нивните интереси и потреби. Опозицијата со забелешки дека е со нереални проекции и дека нема интерес за дебатата.

-Предлог буџетот за 2019 година заслужува внимание и поддршка и го означува периодот кога на граѓаните треба да им се испорачаат резултати од промените што ги ветивме, рече Лидија Тасевска од СДСМ.

Таа оцени дека во предложениот Буџет за 2019 година во најтесен фокус се граѓаните, нивните интереси, нивните потреби и воопшто кажано, како што рече, подобрување во квалитетот на животот од секој апсект.

Според неа, буџетските проекции ќе бидат пресвртница во економските политики.

Нејзината сопартијка, Жаклина Лазаревска  истакна дека  буџетот за 2019 година се базира на одредени работи што се ветени пред гаѓаните и дека овој буџет е буџет што е во интерес на граѓаните и како носечки фактор на Македонија која трга напред.

-Претходно цело време се случуваше активност што значеше стабилизација на економија. Пренасочување на сосема покаков начин на буџетирање. Со овој буџет се гледа одговорното и домаќинско работење на Владата и е реален, рече Лазаревска и додаде дека со него се дава поддршка на поголеми плати, на стопанството, социјална поддршка и праведно оданочување.

Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека планираниот раст од 3,2 проценти е добар, но истакна дека власта не е способна да го оствари.

-Ако работите во 2019 како во 2018 капиталните расходи ќе ги носите на некоја друг сметка за да прикажете. Немате некој проект.  Треба да имаш проект за да ги трошиш, а идната година има и претседателски избори кои ќе го ограничат стопанството два месеца пред и еден месец по изборите, рече Вељаноски.

Тој забележа за најавите за зголемувње на платата.

-Доколку некој реално и искрено сака да ја зголеми платата тоа ќе го направи со јануарската плата, а не со септемвриската. Под цела одговорност кажувам дека кога некој кажува зголемување на платата значи зголемување во јануари. Така правеше и претходната влада. Пред септември се прави ребаланс и тогаш ќе го смените мислењето, рече Вељаноски.

Драган Цуклев забележа на слабиот интерес за дебатата на буџетот, како и на слабите резултати во економијата. Како што посочи, во регионот сите земји имаат раст од близу пет отсто, колку што беше ветено од ова Влада, а Македонија има меѓу два и 2,5 отсто.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не може да го поддржи буџетот бидејќи нема економски придвижувања.

– Ги одбивте клучните амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Алијанса на Албанците и не гласавте за нив и едноставно решивте да терате по свое, рече Ѓорчев кој изрази жалење дека Македонија е со најмал економски раст и оти одговорноста за тоа е кај Заев, Анѓушев и Тевдовски и министрите за странски инвестиции.

Вкупните приходи со предложениот буџет се планирани на 210,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнеусва 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП.

Вкупните расходи се во функција на редовно и навремено исполнување на сите законски обврски, поддршка на домашната економија, забрзување на инфраструктурните проекти, како и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО, а за капиталните инвестиции се издвоени 26 милијарди денари.

Главните цели се повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО.

Растот на економијата е проектиран на 3,2 проценти.

Треба да знаете
Последни објави