Search

„Монструм“: Азиири незадоволен од сведочењето на вештите лица

На денешното рочиште за „Монструм“ во вкрстено испрашување од обвинетиот Фејзи Азири искази даваа вешти лица од Судска медицина кои ја извршиле обдукцијата на убиените момчиња и балистичари од МВР.

Азири ги пршуваше дали во жртвите било пукано рафално или поединечно, но двајцата сведоци истакнаа дека не се во можност да одговорат, на што обвинетиот нагласи дека се сомнева во нивната стручност, тврдејќи дека знаеле, но не сакале да одговорат.Обвинителката Фатиме Фетаи, пак, му одговори на Азири дека тој самиот може да објасни како било пукано, или да објаснат тие околу него, односно другите обвинети. На ваквата забелешка реагираа адвокатите Насер Рауфи и Асмир Алиспагиќ, кои ја обвинија обвинителката дека преудицира вина кај обвинетите.

Семејствата на убиените момчиња и рибарот не присуствуваа на рочиштето.

Судењето продолжува на 17 јануари 2019 година со прикажување на ПИМ мерките.

Треба да знаете
Последни објави