Search

Жолтите елеци повторно се собираат на протест во близина на Триумфалната порта

Жолтите елеци и покрај повиците да не протестираат по атентатот во Стразбур и отстапките на претседателот Емануел Макрон, сепак, денеска одлучија да протестираат.

Од раните утрински часови на Елисејските полиња, веднаш во непосредна близина на Триумфалната порта можат да се забележат луѓе со жолти елеци.

Според полициски извори, веќе 25 лица се лишени од слобода, од нив на осуммина им е изречена мерка притвор.

Ова е далеку од бројката од минатонеделните демонстрации кога до десет часот беа уапсени 320 лица.

Треба да знаете
Последни објави