Search

„Гасификација, контроли, пренасочувања“, ВМРО-ДПМНЕ предлага мерки против загадувањето

СДСМ не се грижи што граѓаните кои со месеци дишат отров, наместо чист воздух кој им го ветуваа. Напротив загадувањето се повеќе е проблем за сите граѓани, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение и предлага неколку мерки за решавање на проблемот со загадувањето.

„Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс. МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците“, се дел од мерките кои ги предлата ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа.

„Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето“, предлага опзоицијата.

ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека доколку СДСМ, премиерот Зоран Заев и градоначалникот, Петре Шилегов се грижат за здравјето на граѓаните, мора веднаш да ги прифатат овие мерки

Треба да знаете
Последни објави