Search

Мицкоски: Постои проект за уништување на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Тој зборуваше дека во овој момент има судски процес против ВМРО-ДПМНЕ, со цел затскривање на погрешните политики на СДСМ.

„Ова Кацарска судство и Русковска обвинителство со овие искреирани, исценирани сведочења на кои што сме сведоци изминативе денови има за задача да го реализира проектот како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ. Тие се свесни дека се додека дише ВМРО-ДПМНЕ, се додека е силно толку повеќе нивните политички кариери се доведени под знак прашање. Едниот проект е како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, а другиот проект е да збориме за се, јас би рекол да дехидрираат од плукање врз Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а притоа да не направат реформа во здравството ниту да ја подобрат економијата ниту образованието нити некој нов проект да направат со кој практично ќе исполнат елементарно ветување со кое излегоа пред граѓаните“ рече Мицкоски.

Тој пред членовите и симпатизерите посочи уште еднаш дека ова било кажано уште пред неколку месеци и дека СДСМ се целосно насочени кон криминалот и кон фингираните судења кои се случуваат во позадина за да не може јавноста да зборува за тоа.

Мицкоски исто така рече дека се случува и вистинско фијаско во економијата, ќе се воведат повисоки данови за да има поголем грабеж кој ќе го платат граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави