Италијанските мафијаши мета на рации во повеќе европски земји

Во Германија, Италија, Белгија и Холандија рано утринава беа спроведени координирани рации насочени кон припадници на италијанската мафија.

Германската федерална полиција соопшти дека пребарувала простории поврзани со активности на јужноиталијанската мафија Ндрангета, основана и најактивна во Калабрија.

Се тврди дека имало повеќе апсења, но не се прецизира колку вкупно лица се уапсени, објави агенцијата АП.

Операцијата била координирана од „Еуроџаст“ – европска единица за борба против прекуграничен организиран криминал.

Детали за операцијата засега не се познати, а во текот на денот во Хаг ќе се одржи прес-конференција по овој повод.

Треба да знаете
Последни објави