Search

Албанец ограбил 50 куќи на гастарбајтери во Гостиварско

Албанецот Р.К.(30), кој неодамна беше уапсен поради кражба во Гостивар е осомичен за педесет кражби, информираше МВР. Заедно со него во кражбите учествувал и И.А.(26) од Гостивар.Секторот за внатрешни работи Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар против двајцата поднесе кривични пријави за 50 тешки и два обиди за тешки кражби до Основното јавно обвинителство Гостивар.

Двајцата се сомничат дека пет кривични дела извршиле во 2017 година, а 47 годинава на различни локации, претежно во Гостивар, Горна Бањица, Дебреше, Чегране, Врапчиште, Градец, Чајле, Мало Турчане, Балиндол, Форино, Топлица, Равен, населбите Фазанерија, Грудајца и на други места.

Осомничените Р.К. и И.А, кои заедно работеле во производна работилница во Гостивар, искористувајќи го  отсуството на сопствениците, претежно провалувале во куќи на времено вработени во странство, комплетно ја пребарувале внатрешноста на објектите и најчесто одземале златен накит, пари, облека, мобилни телефони, бижутерија, часовници и други технички поизводи.

Двајцата провалници беа уапсени на19.11.2018 година во работилницата на улица 18 Ноември во Гостивар, сопственост на М.Г.(68). При претресот биле пронајдени една автоматска пушка без рамка, една рамка за автоматска пушка со 24 куршуми калибар  7.62 милиметри, една рамка за пиштол со четири куршуми, еден пиштол без рамка. Освен оружјето во работилницата биле пронајдени девет мобилни телефони, две дигитални камери, осум рачни часовници, бижутерија и други украдени предмети.

 

 

Треба да знаете
Последни објави