Search

Чикаго го отпушти Фред Хојберг

Фред Хојберг повеќе не е тренер на Чикаго Булс. Четириесет и шест годишниот стратег беше отпуштен по слабиот старт на сезоната за клубот од „Ветровитиот град” – само пет победи и дури 19 порази.

Хојберг го напушта „Јунајтед Центар” по малку повеќе од три сезони на чело на тимот, во кои „биковите” стигнаа до плеј-офот само еднаш и имаат негативен биланс – 115 победи и 155 порази. Работата во Чикаго беше прва за него како тренер во НБА, откако претходно во текот на пет години беше на чело на Ајова Стејт во колеџ првенството.

„Ваквите решенија никогаш не се лесни, но сметам дека во моментов тоа е правилен потег. Го правиме ова мислејќи за севкупниот развој на тимот во иднина. Сакам да се заблагодарам на Фред за посветеноста и неговите напори, како и за целокупниот однос кон организацијата”, гласи пораката на извршниот потпретседател на кошаркарските операции на Булс, Џон Паксон.

Треба да знаете
Последни објави