„ХРТ“ во дневник предизвика дипломатски спор со Украина

Украинската амбасада во Загреб на својот службен профил на Фејсбук жестоко ја нападна хрватската радио телевизија – ХРТ, поради прикажувањето на географска карта на која Крим е прикажан како дел од Русија.

Картата била прикажана во позадина, за време на интервју со хрватската министерка за надворешни работи Марија Буриќ, кога бил најавен денешниот дипломатски собир во Загреб.

Украинскaта амбасада изрази остар протест поради техничката грешка или свесната провокација на ХРТ, бидејќи на интерактивната карта, во позадина на Автономната покраина Крим, која е недделиваод Украина, прикажана како територија на Руската Федерација.

Таквото искривување на информациите го сметаме за непримерно предизвикување на територијалниот интегритет на Украина“ се наведува во реакцијата на украинската амбасада во Загреб.

Оттаму велат дека картата која ја објави ХРТ е во спротивност со официјалниот став на Владата на Република Хрватска, која цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Укрина, а исто така и консолидарната позиција на Европската Унија, ОН, како и на другите меѓународни организаици, кои ја осудија руската окупација и анексија на Крим.

Украинската амбасада побара од Хрватска јавно извинување поради ширење на искривени информации, со молба такви ситуации во иднина да не се повторат.

Треба да знаете
Последни објави