Search

Одбележување на 52 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Факултетот за музичка уметност во Скопје оваа година одбележува 52 години од своето постоење.

За овој период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3 000 студенти, меѓу кои видни композитори, научници, интерпретатори, педагози, новинари и балетски уметници кои работат во државава и надвор од неа, постигнувајќи забележителни успеси во своите области. На ФМУ предаваа и денес предаваат уметници и научници чии имиња се добро познати на македонската и светската музичка, балетска и културна јавност. Повеќето наставници на ФМУ своите дипломи за завршено високо образование и за повисоките научни и уметнички степени ги стекнале токму на оваа институција“, соопштуваат оттаму.

Годишнината од основањето, Факултетот за музичка уметност традиционално го одбележува со целовечерен концерт на својот најголем ансамбл, Симфонискиот оркестар сочинет од студентите на додипломски и последипломски студии, стои во соопштението на Факултетот за музичка уметност, каде се додава дека концертот по повод одбележувањето на 52 години постоење ќе се одржи в среда.

Треба да знаете
Последни објави