Search

Кина гради колонија на вештачка интелигенција 11 километри под површината на морето

Кинеските научници планираат да изградат база во длабочините на Јужното Кинеско Море, која би била управувана од роботи и системи за вештачка интелигенција. Базата би можела да биде првата колонија на вештачка интелигенција во светот, а локацијата, како што се наведува, би требало да биде на длабочина меѓу шест и 11 километри под површината на морето.

Замислено е во базата да постојат докови како во вселенските станици, од кои роботските подморници би заминувале во истражувачки мисии.

Ваквите активности научниците ги оценуцваат како повеќе од корисни, бидејќи океаните зафаќаат околу 70 проценти од површината на Земјата од кои истражени се само еден отсто, главно поради тоа што луѓето досега немаа соодветна опрема која би можела да им помогне за да се справат со тешки услови на големи длабочини.

Запознавањето на условите и процесите кои се случуваат во големите длабочини е од особено значење и може да помогне во разбирањето на климатските промени, откривањето на нови животински и растителни видови, дури и во изнаоѓањето на нови лекови.

За значењето на оваа AI (artificial intelligence) колонија, говори и висината на инвестицијата за изградба, околу 160 милиони долари, за која научниците тврдат дека на крајот повеќекратно ќе се исплати.

Треба да знаете
Последни објави