Search

САД: Сараево денеска е најзагаден град во светот

Сараево денеска бил најзагадениот град во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 268 единици. Ова го објави американската влада врз основа на податоците кои се собираат во градовите каде се сместени амбасадите на САД.

Како што се наведува, во Сараево денеска загадувањето било повисоко од Пекинг, каде индексот изнесува 242, пренесе „РТРС“.

„Вредноста на индексот на квалитетот на воздухот помеѓу 201 и 300 може да предизвика сериозни здравствени проблеми“, се наведува во предупредувањето, во кое е објаснето дека Амбасадата на САД во Сараево поседува опрема за следење на квалитетот на воздухот.

Треба да знаете
Последни објави