Search

Министерството за правда се уште не добило одговор од Унгарија за екстрадицијата на Груевски

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено одговор во врска со барањето за екстрадиција на избеганиот поранешен премир Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија, информираше денеска министерката за правда Рената Тренеска Десковска.

-Сепак, оние пристојни рокови за одгвоор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури коишто се спроведуваат. Сакам да напоменам дека досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице. Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај, рече министерката на попладневната прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која беше промовиран нов закон за намалување на казните за прекршоци.

Поранешниот премиер Никола Груевски, избега во Унгарија, каде доби политички азил, пред отслужувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк” за набавка на луксузен мерцедес.

Треба да знаете
Последни објави