Search

Македонските ракометарки изборија бараж за СП 2019

Со максимални три победи на квалификацискиот турнир игран во Скопје, женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман во баражот за Светското првенство 2019.

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски” избраничките на селекторот Симе Симовски ја победија Турција со 30:23.

Претходните два дена Македонките беа поуспешни од репрезентативките на Азербејџан и на Исланд.

Жрепката за баражот ќе биде извршена за време на Европското првенство кое деновиве се игра во Франција.

Треба да знаете
Последни објави