Search

Илјадници маршираа во Берлин за „иднина без јаглен“

Илјадници луѓе маршираа денеска во Берлин барајќи Германија да го забрза откажувањето од  јагленот како гориво за погон на фабриките, а протестите се одржаа еден ден пред почетокот на самитот на ОН за климата во соседна Полска.

Протестите во германскиот главен град и истовремениот марш во западниот град Келн го организираа групи кои се залагаат за зачувување на природната средина, а голем број демонстранти носеа знамиња со порааките „Запрете го јагленот“ и „Иднина без јаглен“, пренесува АП.

Некои учесници на протестот беа облечени како дрва во оган или олујни облаци, за да укажат на се почестите шумски пожари и силни бури како последица на се потоплата клима.

Треба да знаете
Последни објави