Search

Меркел конечно полета за Аргентина на самитот на Г-20

Германската канцеларка, Ангела Меркел, по техничките проблеми со авионот, конечно полета за Аргентина на самитот на Г-20.

Канцеларијата на германската канцеларка изјави дека Меркел со мала делегација, во која таа е со министерот за финансии, Олаф Шолц, со друг државен авион пристигнале во Мадрид, од каде со комерцијален лет тргнале кон Буенос Аирес, пренесува АП.

Повикувајќи се на безбедносни извори, германски медиуми објавуваат дека германските иследници проверуваат дали се работи за технички проблеми на владиниот авион со кој канцеларката Ангела Меркел тргна на самитот на Г-20 во Аргентина.

Треба да знаете
Последни објави