Search

Џенерал Моторс дели откази, Фолксваген отвара фабрика во САД за електрични автомобили

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ бара место за изградба на нова фабрика во Северна Америка во која ќе се произведуваат електрични возила за американскиот пазар, изјави директорот на американскиот огранок на компанијата, Скот Кеог.

-Потребен е нов погон за производство на возилото на „фолксваген“ кој наскоро ќе биде претставен за јавноста, а цената ќе биде помеѓу 30 и 40 илјади долари. Производството треба да започне во 2020 година, додаде Кеог.

За да почне производството во зацртаниот рок до 2020 година, првите автомобили ќе ги произведуваат подизбедувачи надвор од САД. Потоа производството ќе се префрли во новата американска фабрика.

Во моментов, најголем дел од американскиот пазар за електрични автомобили го држи Тесла.

„Фолксваген“ заостанува зад Тесла, но не е предоцна да го земеме својот дел од колачот на американскиот пазар кој претставува „огромна можност“, истакна Кеог.

На почетокот на месецов најголемиот европски произодител на автомобили објави дека до 2023 година ќе инвестира скоро 44 милијарди евра во развојот на електрични автомобили, автономни возила и нови мобилни услуги.

Треба да знаете
Последни објави