Search

Работник загина во одрон на земјиште

Скопјанецот Ѓ.Ѓ.(57) загина вчера во одрон на земјиште додека работел во населбата Припор, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 11.30 на улицата Христо Татарчев. Тогаш дошло до одронување на земјиштето при што биле потрупани двајца работници. Ѓ.Ѓ починал на самото место, а Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави