Search

Истрели во близина на австриската амбасада во Анкара

Непознати лица отвориле оган од возило во движење во близина на австриската амбасада, синоќа во Анкара.

Според локалните медиуми, истрелите доаѓале од бел автомобил, по што безбедносните сили ги блокирале улиците во близина на дипломатското претставништво на Австрија.

Полицијата мометно е во потрага по возилото. Засега нема информација дека некој е повреден или е причинета материјална штета во инцидентот. Не е познато ниту дали лицата, кои отвориле оган, сакале да пукаат кон амбасадата.

Во август сличен случај во Анкара имаше и кога беше пукано од автомобил врз зградата на американската амбасада.

Треба да знаете
Последни објави