Search

(Видео)Шифрин без ривал во маглата во Килингтон

Микаела Шифрин ги надмина тешките услови и трката во магла, за да стигне до својата втора победа во новата сезона од Светскиот куп, по третпат триумфирајќи на домашниот слалом во Килингтон, Вермонт.

Лошите временски услови придонесоа по првото слаломско возење да има тесна ситуација на врвот, но Шифрин беше најбрза и во првото и во второто возење за да победи со 0.57 секунди предност пред Словачката Петра Влхова. Подиумот го комплетираше Фрида Хансдотер од Шведска,  додека во топ 5 беа и Австријката Бернадете Шилд и Швајцарката Мишел Гисин.

Со ова Шифрин ја потврди доминацијата на домашната патека, каде што триумфира во трите слаломи досега од 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави