Search

„Тотенхем“ го збриша „Челзи“, нов кикс на „Јунајтед“

Фудбаларите на „Тотенхем“ го декласираа „Челзи“ во дербито на колото во Премиер лигата, откако со 3:1 лавеа на домашен терен. Со победата „Спарси“ го преемаа третотото место на табелата од ривалот, за кого ова беше прв пораз по 13 одиграни кола.
„Тотенхем“ победата ја најави на самиот старт, па по двете лоши реакции на голманот Кепа, голови постигнаа Деле Али во осмата и Хари Кејн во 16.минута.Гостите притиснаа во вториот дел, но тогаш Сон во 55.минута го постигна третиот погодок за „Тотнхем“. Почесниот гол за „Челзи“ го постигна Жиру во 85.минута.

Екипата на „Манчестер Јунајтед“ повторно киксна, овој пат на домашен терен против „Кристал Палас“. Мечот заврши без голови.
Лидерите во првенството, „Манчестер сити“ и „Ливерпул“ беа убедливи на гостувањата. „Сити“ славеше со 4:0 против „Вест Хем“ со головите на Силва,Стерлинг и двата погодоци на Сане.„Реси“, пак постигнаа еден гол помалку кај „Вотфорд“. Мечот го решија во последните 20 минути со головите на Салах, Арнолд и Фирмињо.

По 13.коло „Манчестер сити“ е прв со 35, зад него е „Ливерпул“ со 33 бода, „Тотенхем“ е трет со 30, а „Челси“ четври со 28 бода.

Треба да знаете
Последни објави