Search

Меј: Обединетото Кралство секогаш ќе биде со Гибралтар

Британската премиерка, Тереза Меј, денеска во Брисел изјави дека Обединетото Кралство секогаш ќе биде со Гибралтар.

„Секогаш ќе преговараме во име на целото семејство на Обединетото Кралство, вклучувајќи го и Гибралтар“, рече Меј по пристигнувањето во Брисел по повод новата рунда преговори за брегзит со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, објави „Ројтерс“.

Британската премиерка порача дека проблемите со Гибралтар по повод излегувањето на Велика Британија од ЕУ се решени на конструктивен и разумен начин.

„Се осигуравме дека Гибралтар е покриен со целиот договор“, рече Меј.

Гибралтар е прекуморска територија на Велика Британија која се наоѓа на југот од Пиринејскиот полуостров, но на која право полага и Шпанија.

Шпанија претходно постигна договор со Европската унија по ова прашање, отворајќи го патот за одржување на утрешниот самит на ЕУ во Брисел, на кој треба да се потврди договорот за брегзит со британската премиерка, изјави претходно неименуван дипломатски извор, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави