Search

Ромео со сопругата во преполниот „Сава Центар“ на концертот на Калиопи

Македонската пејачка Калиопи Букле пееше вечерва пред полниот „Сава Центар“ во Белград, а на кој присуствуваа голем број познати личности, пренесува „Блиц“.

Дивата го отвори концертот со песната „Зајди, зајди”, а потоа ја разгали публиката со песната „Љубовта не е за мене”.

-Добра вечер, драги мои, познати и непознати, но сите ми се допаѓате. О колку сте убави вечерва, рече Калиопи обраќајќи се кон белградската публика по третата песна.

Поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил, со кого веќе долго време соработуваат, за прв пат дојде на нејзин концерт. Чекаше тоа да биде Белград и дојде со сегашната жена.

Треба да знаете
Последни објави