Search

Скопјанец нелегално вршел телефонски сообраќај

Скопјанец вршел нелегален телефонски сообраќај преку посебна телекомуникациска опрема, информираше МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје. Тој е осомничен за компјутерска измама.

Според МВР; На 08.11.2018 година, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домот на пријавениот. Притоа било утврдено постоење на активна SIMBOX телекомуникациска опрема, која била одземена.

Осомниениот ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин С.Н. се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари за периодот од 03.08.2018 до 09.11.2018 година.

 

Треба да знаете
Последни објави