За само еден ден во Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета, соопштија од МВР.

Од полицијата додаваат дека во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 42 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени седум возачи, велат од МВР и тоа еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и шест возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се шест возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и 12 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило „пајак”, се наедува во соопштението на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави