Search

Здравко Чолиќ на едно место ги собра мајките и ќерките

Здравко Чолиќ една од најголемите ѕвезиа на Балканските простори го одржа вториот по ред концерт во Скопје.Во преполната Вип Арена „Борис Трајковски“ цели три часа без прекин ја забавуваше публиката. Шеесет и седум годишниот Чола на сцената го донесе својот извонреден вокал. Времето воопшто не оставило трага на неговиот шарм, харизма и неверојатна енергија. Целата публика на возраст од седум до седумдесет и седум со него заедно ги испеа: „Пусти, пусти моду“, „Окано“„Кристина“, Звао сам је Емили“, „Подлугови“, „Ти си ми у крви“ и многу други.

Не изостанаа и новите хитови како „Тебе чува за крај“ и „Ништа није било измеџу нас“. Во публиката главно жени, мајки со ќерки, нои баби. Многумина се потсетија на младоста, на убавите моменти доживеани со неговите песни, на едно друго време.

По четири години ова е прво среќавање со неговата публика. Тој е истиот Здравко Чолиќ како од пред четириесетина години на почетоците на кариерата, со истата насмевка, младешки дух и препознатливо движење на сцената.

 

Треба да знаете
Последни објави