Search

Вајлдер: Џошуа нема шанси против мене, а не може да ги победи ниту Фјури и Ортез

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер изјави дека Британецот Ентони Џошуа не е меѓу тројцата најдобри боксери во тешка категорија, иако британскиот боксер е шампион на ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ федерации. Вајлдер, кој е шампион во тешка категорија во ВБЦ федерацијата на 1 декември ќе боксува против Тајсон Фјури,  контроверзниот британски боксер кој исто така нема добри зборови за сонародникот.

Вајлдер и Џошуа направија неколку обиди да се организира спектакуларен меч за обединување на титулите, но работите секогаш запнуваа во некоја фаза од преговорите, за што Американецот исклучиво го обвинуваше таборот на Британецот.

„Џошуа имаше можност да ја докаже својата вредност, но тие не сакаа да го прифатат предизвикот, бидејќи знаеа што поседувам. Тие знаат каков сум во главата и што можам да направам. Тие исто така знаат дека Џошуа не е на мое ниво. Тој нема срце, ниту менталитет што е потребен за да  биде најдобар. Дури и ако има, тогаш го сопираат луѓето зад него. Што се однесува до мене, оваа борба со Фјури ќе покаже кој е најдобар од најдобрите, бидејќи едноставно мислам дека Џошуа не може да ме победи, не може ни Фјури, па дури ниту вториот најдобар тешкаш во светот- Луис Ортиз. Јас сум длабоко убеден во тоа, рече Вајлдер.

Треба да знаете
Последни објави