Search

Билиќ го сака Адеми во „Ал Итихад“ за 2,5 милиони евра од сезона

Тренерот на „Ал Итихад“, Славен Билиќ го сака македонскиот репрезентативец и капитен на загрепски „Динамо, Аријан Адеми во своит редови, пишува „Јутарњи Лист“.

Клубот од Саудиска Арабија е подготвен на „Динамо“ да му плати 3 милиони евра за трансферот, додека Адеми би добивал плата од 2,5 милиони евра годишно со договор од три години.

„Ал Итихад“ е последен на табелата во Саудиска Арабија, па Адеми би значел многу за тимот кој што сега го оформува поранешниот хрватски селектор.

Според медиумите, единствен проблем за трансферот, кој би требало да се реализира зимоска е самиот Адеми.

Тој пред почетокот на сезоната одби две понуди од францускиот прволигаш „Лил“ од која едната вредеше 5 милиони евра отштета за „Динамо“ и  900.000 евра нето годишно, плус бонуси за Адеми. Трансферот не се случи, а капитенот на „сините“ потпиша подобар договор со 600.000 евра годишно, и е најдобро платен фудбалер на„Динамо“.

Треба да знаете
Последни објави