Search

Шешељ: Четници го префрлија Груевски од Србија во Унгарија

Никола Груевски преку Србија премина во Унгарија, а четнички бајонети го обезбедуваа до Хоргош, изјави Војислав Шешељ во емисијата „После ручка“ на телевизија Хепи.

„Најновата вест е дека нашиот брат Никола Груевски од Македонија преку Србија отиде во братска Унгарија“, рече лидерот на српските радикали.

Шешељ додаде дека Груевски на тој начин го избегнал апсењето, на како што рече, предавничката власт на Зоран Заев.

„Кога се појави на српската граница, го прифатија српски четници и четнички бајонети го обезбедуваа се до Хоргош, а таму во 5 часот утрото на 12 ноември премина во Унгарија“, откри Шешељ.

https://youtu.be/VrB9ONsd0PQ

Треба да знаете
Последни објави