Search

Нетанјаху тврди дека од Хамас молеле за прекин на огнот

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека водачите на исламскиот екстремистички Хамас кој управува со Појасот Газа молеле за прекин на огнот.

Ова е прва изјава на Нетанјаху откако беше објавено дека израелската влада, наводно, се согласила на прекин на оганот на југот од земјата кој веќе е на сила, објавија израелските медиуми.

Нетанјаху на комеморацијата за првиот премиер на Израел, таткото на нацијата, Давид Бен-Гурион, рече дека не може да изнесе детали за издните планови во врска со ситуацијата во Газа.

„Ние ќе ги поставиме условите во вистинско време за Израел и за безбедноста на нашите граѓани“, рече тој.

Нетанјаху беше изложен на критики од десничарите и на некои жители од јужниот дел на Израел, кои бараа многу поагресивен одговор за најновиот терор на Хамас од Газа.

Палестинските екстремисти во вчерашниот напад за еден ден лансираа 460 ракети и минофрлачки проектили кон Израел, а израелската армија спроведе воздушни напади врз 160 мети во Газа, објави агенцијата АП.

Во најновиот судир беа убиени седуммина Палестинци, од кои петорица биле екстремисти.

Едно лице загина и во Израел, кога ракета паднала на станбена зграда, а три лица се здобиле со повреди опасни по живот.

Ова беше најжестоката ескалација на насилство од војната во 2014. година меѓу Хамас и Израел.

Треба да знаете
Последни објави