Search

„Хјустон“ подобар од „Денвер“, втора победа сезонава за „Кливленд“

„Голден стејт Вориорс“ славеа над „Атланта Хоукс“, „Деневер“ против „Хјустон“ ја продолжија негативната серија, а „Кливленд Кавалирс“ ставија крај на серијата порази и против „Шарлот“ ја запишаа втората сезонска победа.

Актуелните шампиони, „Вориорс“, без повредениот Стеф Кари и суспендираниот Дрејмонд Грин, без проблеми се справија со „јастребите“ од Атланта славејќи со 110:103.

Шампионот го предводеа Кевин Дурент со 29 и Клеј Томпсон со 24 поени, додека Торијан Принс постигна 22 коша за „Атланта“.

„Денвер Нагетс“ во првите десет натпревари имаа само еден пораз, а потоа влегоа во серија од  четири порази во низа, последниот од „Хјустон“ 99:109.„Рокетси“ до шестата победа во 13.меч сезонава ги предводеше Клинт Капела со 24 поени, Џејмс Харден со 22 поени и 11 асистенции, односно Крис Пол со 21 поен. Кај „Денвер“ подобри од останатите беа Монте Морис со 19 поени, Џамал Мареј додаде 15,  а Никола Јокиќ освен 14 поени, постигна 12 скока и седум асистенции.

„Кливленд Кавалирс“ ставија крај на низата од пет порази со победата над „Шарлот Хорнетс“ 113:89. За „Кавалирс“ ова беше само втората победа во 13.сезонски натпревар, додека „Хорнетс“ се на седум победи и исто толку порази. Џордан Кларксон се истакна кај „Кливленд“ со 24 поени, 18 постигна Дејвид Нваба, а по 16 поени уфрлија Родни Худ и Колин Секстон. Џереми Лемб беше единствениот расположен за поентирање кај „Хорнетс“, тој постигна 22 поени.

Треба да знаете
Последни објави