Search

Со „корса“ прегазил двајца пешаци

Скоојанец со „опел корса“ прегазил двајца пешаци, вчера во центарот на Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообрќајната несреќа се случила околу 14 часот на крстосницата од улиците Белградска, Тодор Александров и булевар Мајка Тереза. Тогаш „опелот”  управуван од С.А.(58) од Скопје, удрил во пешаците Р.К.(48) од село Стајковци и М.Б.(54) од Скопје

Од ударот Р.К. била тешко повредена, а М.Б. полесно. Двете биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави