Search

Дуелот со Барселона направи вистински бум:Телефоните на вработените во Вардар не престануваат да ѕвонат

Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона во Лигата на шампионите кој ќе се игра на 11-ти ноември привлече огромен интерес кај македонската спортска јавност.

Поради големиот интерес, телефоните на вработените во Вардар не престануваат да ѕвонат, па токму затоа оперативниот менаџер на македонскиот првак, Марко Савовски, се огласи на својот Фејсбук профил со најава дека ќе бидат пуштени уште 200 влезници, но дека капацитетот на Спортскиот центар Јане Сандански е веќе исполнет.

“Ги замолувам сите Симпатизери и Навивачи на Ракометниот клуб Вардар да ја разберат ситуацијата дека билетите за натпреварот со Барселона кои се однесуваат на блоковите за седење се РАСПРОДАДЕНИ.

Во продажба ќе бидат пуштени уште 200 влезници (Утре) во делот за стоење и тоа е максимумот од капацитетот на Спортскиот центар Јане Сандански. Сезонските билети беа пуштени во продажба пред почетокот на ракометната сезона,а билетите за натпреварот во Недела пред десетина дена. Сите што сакавте да купите билет можевте тоа да го сторите на билетарата во Спортскиот Центар.

Затоа ве замолувам уште еднаш, да ја почитувате приватноста на вработените во Ракометниот клуб, играчите и членовите на стручниот штаб, се со цел за нивна максимална посветеност кон претстојниот натпревар и да се надеваме на уште една важна победа на нашиот тим.

П.С. Се надевам ќе ме(не) разберете ,и нема да се налутите ,ама навистина не се издржува да ми(ни)пристигнуваат барања за билети на секои 30 секунди,што на вибер,што на фб,што на инстаграм и така натака.

Спортски Поздрав”, напишал Савовски на својот профил.

Треба да знаете
Последни објави