Search

„Војводи“ и „Балисти“ на помирување во СВР Тетово

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска се одржаа две одвоени средби со претставници на тетовските навивачки групи „Војводи“ и „Балисти“.

„На средбите се зборуваше за последните инциденти кои изминатиот викенд се случија во Тетово, а во кои беа инволвирани членови на овие две навивачки групи, но и за формите и начините за надминување на сите проблеми и недоразбирања. Раководството на СВР Тетово и претставниците на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ договорија заеднички мерки и активности за релаксирање на односите помеѓу тетовските навивачи, а договорено е, исто така, во иднина тие да се воздржат од ширење говор на омраза, непримерно скандирање и упатување на навредливи и вулгарни пораки кон другите, велат од МВР“.

Од состанокот е прозилзена иницијатива за заедничка средба на двете навивачки групи и нивно  помирување, со цел во наредниот период да не се повторат вакви или слични инциденти.

 

Треба да знаете
Последни објави