Search

Убиена тигрица која сакала машки парфем на Келвин Клајн

Убиена тигрица која сакала машки парфем на Келвин Клајн

По голема потера во Индија убиена е тигрица која наводно убила 13 луѓе и која не можела да одолее на машкиот парфем на Келвин Клајн, „Обсешн“, јави Би-Би-Си.

Ловот на тигрицата во западната држава Махараштра траел скоро две години, а ловците користеле таков парфем за да ја намамат.

Би-Би-Си објаснува дека во составот на парфем „Обсешн“ меѓу останатите се наоѓа и феромон цибетка, мачколико животно од среден раст.

Индиските ловци одлучиле да се послужат со тој парфем за да ја намамат откако американски научници го користеле тој парфем за да намамат јагуари.

Во последните две години таа убила 10 луѓе и повеќе од 5.000 жители од тие подрачја во кои се движела живееле во страв.

Во ловот на тигрицата биле корисетни повеќе од 100 стапици со камери.

Треба да знаете
Последни објави