Search

Докторска грешка: Ја заразиле со СИДА во болница – Добила оштета од 800.000 евра

Докторска грешка: Ја заразиле со СИДА во болница – Добила оштета од 800.000 евра

25 годишна Гркинка ќе добие оштета од 800 илјади евра поради инфекција со ХИВ вирусот при трансфузија во болница во Солун, јави БТА.

На 1 септември 2005 година жената примила крв од случаен крводарител, кој бил заразен со ХИВ вирусот. Тој дарувал крв првпат во животот. Освен девојката од истата крв добил и 76-годишен маж по извршена срцева операција.

Според судот во Солун болничкиот персонал дозволил сериозна грешка, што нанела штета на пациентот и ја прогласи за виновна болницата која сега треба на девојката да и плати оштета од 800.000 евра.

На суд се најде и Крводарителот поради загрозување на животот на други луѓе со тоа што не навел при дарувањето на крв дека е ХИВ позитивен. Тој е осуден од кривичен суд.

Треба да знаете
Последни објави