Search

Со молба тинејџер влета во продавница „Ве молам помогнете ми, ќе ме убијат“

Со молба тинејџер влета во продавница „Ве молам помогнете ми, ќе ме убијат“

Работници од локална продавница за алкохолни пијалоци спасиле еден тинејџер од група момчиња кои го бркале за да го тепаат.

Едвард Лари, сопственик на продавницата во Бронкс и неговите вработени, му го спасиле животот на неименуван тинејџер на возраст од 16 години, кога со дрвени стапови истапиле пред локалната банда која го бркала детето, а целиот напад е забележан од безбедносните камери.

Како што се наведува, тинејџерот бегајќи од нив нашол засолниште во продавницата на Лари, во која втрчал и од вратата побарал помош.

„Малото дете влеза да побара помош и ми рече: Ве молам помогнете, ќе ме убијат. Не знаев дали имаат ножеви или оружје. Го направив она што како човек морав да го направам, рече Лари, додавајќи дека овој инцидент го потсетил на еден друг, во кој смртно настрадало 15-годишно дете зошто немало кој да му помогне кога го нападнале.

Треба да знаете
Последни објави