Search

Руска православна црква: Договорот меѓу Порошенко и патријархот не значи ништо

Договорот што денеска го потпишаа Вселенскиот патријарх Вартоломеј и претседателот на Украина Петро Порошенко не значи дека во Украина е формирана независна црква, изјави денеска портпаролот на Руската православна црква Владимир Легоида.

„Договорот меѓу државата Украина и Вселенската Патријаршија не значи создавање на Украинската Црква, рече Легоида“.

Претходно денеска Порошенко и Вселенскиот патријарх потпишаа договор за соработка со цел создавање на независна Украинска црква.

Порошенко изјави дека се исполнети сите услови за Украинската црква да добие автокефалност.

Треба да знаете
Последни објави