Search

Најсмртоносните намирници во светот

Постојат намирници кои треба да се подготвуваат многу внимателно бидејќи можат да предизвикаат различни последици, од тешко труење до фатален исход. Се објави листа на некои од нив.

1. Рибата Фугу

Овој јапонски специјалитет е многу вкусен ако е добро подготвен, но ако готвачот згреши може трагично да завршите. Месото од рибата содржи тетродотоксин кој предизвикува смртни последици, затоа готвачите минуваат низ специјален тренинг за да го отстранат пред послужување.

2. Отровни печурки

Никогаш немојте да берете печурки во природа и да ги консумирате бидејќи отровните печурки би можеле да бидат кобни.

3. Маниока

Коренот од маниока е одличен додаток на карипските јадења и мора да се подготвува внимателно. Доколку не е термички обработен гостите би можеле да починат од труење со цијанид.

4. Крвави школки (шангајски специјалитет)

Овие школки можат да пренесат хепатитис А и Е, затоа се забранети од 1988 година. Но, благодарение на илегалниот пазар сè уште можат да се најдат на одредени места.

5. Кикирики

Ако сте љубители на кикириките треба да знаете дека се најраспространет алерген на модерниот свет. Од нив стравуваат милиони луѓе ширум светот. Алергијата на кикирики опфаќа сè, од лесен осип до престанување на дишењето.

Треба да знаете
Последни објави